A pioneer in healthcare

PRINCIPESSA GAVIA GAVI 2015'

Суво Бело Вино СОРТА НА ГРОЗЈЕ: 100% Cortese РЕГИОН: PiedmontЛОЗЈА: Грозјето за Principessa Gavia расте во контролирано географско потекло, лоцирано во регионот Гави од Novi Ligure. Тука почвата е карпеста глина и варовник.АРОМИ И ВКУСОВИ: - Боја: светло златна. - Мирис: интензивен, свеж, со арома на ананас и зелено јаболко. - Вкус: Добро избалансиран, со нежна киселост и деликатен сув финиш. ПРЕДЛОГ СО ХРАНА: Аперитив вино, одлично оди со предјадење, морска храна и месо. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ: Легендата за Principessa Gavia, потекнува од историјата: принцеза со име Гавиа се заљубила во згодно момче кое работело како чувар во судот на татко и. Вљубениот пар барал дозвола од кралот, за да се венчаат, но тој сепак не дозволил да неговата ќерка се венча со човек кој не е од нејзината класа. Во очај, младиот пар побегнал на најдалечниот дел од кралството, подалеку од очите на кралот. Тие успешно ги избегнувале воените трупи, се до една вечер.. уживајќи во значителна количина на локално бело вино, младоженецот ја раскажал својата приказна на локалниот угостител. Угостителот пак, од друга страна пуштил гласини до кралот, за приказната што ја беше чул, за да добие пристојна награда. Воените трупи веднаш ги нашле и ги донеле кај кралот, за да се соочат со казната што им следи. Кралот, се задлабочил во очите на својата ќерка и не можел а да не и прости. Ја благословил нивната врска и како свадбен подарок, им дозволил да одлучат во кој град ќе живеат. Во нејзина чест, градот го именувале ГАВИ, како и шармантното вино кое го пиеле таа вечер.